Состојба на патиштата

Од:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

РАБОТА НА ПАТ:

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна од 18.04.2017 во 16:00 часот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Oд 19.04.2017 се изведуваат градежни активности на дел од магистрален пат А2, делница: Тетово – Гостивар, осветлување кај клучка Камењане.

Градежно друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека ги изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип. Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќај на делница клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми, по новоизградената коловозна лента.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистрален пат А4, Делница клучка Кадино-клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци. Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

– На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница: Обиколница кон Тетово, осветлување клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07.00 до 17.00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

– ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево, по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

-Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

– ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) е воспоставен времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

– Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

– Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да сообраќаат само до месноста “Kорита”.

ВНИМАТЕЛНО: Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премининема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието со повремено засилен јужен ветер. Т-мин. од 3 до 12 а т-мин. Тмакс од22 до 27 степени.

Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Т=6/25

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток до недела времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура на воздухот ќе биде во покачување, која во сабота ќе е највисока. Доста топло време се очекува во јужните делови и вдолж Повардарието, а температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.

В понеделник кон крајот на денот се очекува да нашето подрачје да биде под влијание на влажна и нестабилна воздушн маса, облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд на места проследени со грмежи. Температурата на воздухот ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска