Опозициската Либерално-демократска партија (ЛДП) на Јапонија е неспорен победник на денешните парламентарни избори, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на резултати од анкетите за излезноста, објавени од националното радио.
Конзервативците од ЛДП, кои со Јапонија управуваа повече од 50 години по Втората светска војна, освоиле меѓу 275 и 300 места во Долниот дом на парламентот, во кој заседаваат 480 пратеници.
Овие резултати го покажуваат враќањето на ЛДП во власта по три години минати во опозиција.
Сега владеачката Јапонска демократска партија освои помалку од 100 места, претрпувајќи тежок пораз, бидејќи досега имаше 230 пратеници.
Денешната победа на конзервативците речиси без сомнение на премиерскоот место ќе го донесе националистот Шиндзо Абе, кој веќе беше шеф на владата во 2006-2007 година.