Младите на ДПА – Движење за реформи бараат одговорност за настаните на 27 април

Од:

Под мотото „Стоп на насилството и стоп на омразата“, членовите на подмладокот на ДПА – Движење за реформи од тетовскиот огранок денеска на градскиот плоштад во Тетово на симболичен начин со пуштање 13 бели, 13 црвени и еден црн балон потсетија на немилите настани од 27 април.

Како што рече Ардоните Исмаили од помладокот на пратијата, на тој ден брутално беа нападнати пратеници, а најбрутално беше нападнат претседателот на ДПА – Движење за реформи и пратеник Зијадин Села.

– Собрани сме тука да бараме одговорност и да апелираме до надлежните органи во најкраток можен рок да преземат конкретни чекори и мерки за пронаоѓање и казнување на оние кои се вклучени во овој срамен чин што се нема случено во историјата на политиката во Европа. Со овој симболичен акт испраќаме порака до сите граѓани, овој настан од Собранието да биде последен и никогаш да не се повтори. Ја одбравме оваа форма за да ги убедиме сите дека правдата, мирот и интеграцијата се европски модели кои ќе ја осветлуваат нашата политичка иднина, изјави Исаили.

Тој упати и порака до, како што рече, младите Македонци дека се манипулира со нив за да се брани криминалот и корупцијата.

На собирот беше изразена и благодарност до луѓето кои денеска се собрале во Брисел на протест за подршка на претседателот на партијата Зијадин Села.

Би можело да ве интересира

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он