„Народно движење за Македонија изразува шокираност од сознанието дека во демократска Македонија сеуште во заднина полициските активности ги владеат политички калкулации дека примената на законот спрема припадниците на албанското малцинство ќе доведе до нарушување на соживотот во земјата.
Недозволиви се ситуаци, во кои Македонците што учествуваа во немилите настани во Собранието брзопотезно да бидат притворани, додека во слични случаи, како на пример, кога Албанци ја демолираа зградата на Основниот суд Скопје 1 поради протест за случајот „Монструм„ или кога Албанци го осудуваат крстот во Бутел со ќотек врз Македоците или во случајот со дивоградбата споменик-двоглав орел во Чаир, да нема било каква одговорност за сторителите само затоа што се Албанци.
Оттука, НДМ повикува на запирање на опасната тенденција Македонците се повеќе да се третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава и законите подеднакво да важат и за Албанците кои очигледно стануваат миленичиња на било која власт во джавата“, соопштуваат од НДМ.