Дваесетчлена група туристи од градот Мартин од Словачка, вљубеници во „off road“ авантурите денеска со осум џипови ја посетија општина Новаци, каде остварија средба со градоначалникот Лазар Kотевски.
– Гостувањето на туристите од Словачка во Новаци и Мариово е резултат на брзо препознавање на нашата понуда за алтернативниот туризам. Драго ни е што имаме ваква странска делегација која разбрала за убавините на нашата општина и тргнала во авантура на нашите простори, посочи градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Тој додаде дека тие ќе го посетат селото Зовиќ каде ќе ручаат во етно куќата, а ќе го посетат и Кајмакчалан.
Туристите од Словачка по престојот во Мариово продолжуваат за Албанија и Црна Гора.