МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи пред решавачки натпревари

Од:

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи се наоѓаат пред пласман во финалето на плеј офот доколку вечерва постигнат победи во полуфиналната серија (натпревар број 3) против Куманово, односно Работнички.

Првакот МЗТ Скопје е домаќин на Куманово и има водство од 2-0 во победи и важи за фаворит во дуелот. Натпреварот се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Натпреварот меѓу Работнички и Карпош Соколи ќе се одигра во салата „Градски парк“ без присуство на публика поради казната на Работнички за фрлањето тврди предмети на првиот дуел меѓу двете екипи.

За Куп освојувачот Карпош Соколи, кој има предност од 2-0 во победи празната сала е шанса да се стигне до третата победа, иако оваа екипа првата победа ја постигна токму на прекинатиот дуел кога имаше навивачи.

Почетокот на двата натпревара е во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ