Советување на тема „Реорганизација на должникот во стечајна постапка“

Од:

Министерот за економија Дритон Кучи денеска ќе се обрати на советување на тема „Реорганизација на должникот во стечајна постапка“, кое се одржува во рамки на проектот „Зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва“.

– Овој проект е од исклучително значење за Министерството за економија и за стопанството во целост, а се реализира со помош на Европската унија, со средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Ова советување е наменето за стечајните судии и другите судии кои работат на предметите кои произлегуваат од стечајната постапка, стечајните управници, на добавувачите или сите други друштва кои имаат некакви побарувања во стечајната постапка и на органите на друштвата застапници по законот за трговски друштва, соопшти Министерството за економија.

Излагачи на темата ќе бидат експертите Красин Димитров, Миодраг Ѓорѓевиќ и Дејан Костовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница