Екс-началникот на тајната полиција, Горан Грујевски кој е првообвинет во случајот „Тврдина 2“ на СЈО и е на боледување, вчера е фотографиран во близина на “Рибник“ кај местото Долно Другово, Кичевско, дознава Макфакс.
На минатото рочиште за случајот „Тврдина 2“ оправдување за неговото отсуство достави адвокатот Петар Василев кој приложи и медицинска документација за состојбата на Грујевск, . Отсуството на обвинетиот Грујевски според обвинителите на СЈО е симптоматично, бидејќи тој е забележан во кругот на МВР и затоа побараа снимки од видео-надзорот и од системот за евиденција. Одбраната пак, тврдеше дека со тоа се прави притисок врз обвинетиот.