На деветти мај 1945 година со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа и 9 мај се оттогаш одбележува како Ден на победата.
Безусловната капитулација на Гермнаија во Берлин ја потпиша во 1945 година фелдмаршал Вилхелм Кајтел, во име на Советскиот сојуз потписник беше маршал Герогиј Жуков, а во име на западните сојузнички сили генерал Артур Тедер.
Со тоа формално заврши Втората светска војна во Европа, но дел германски трупи и нивни сојузници уште неколку денови даваа отпор.
Во војната што траеше нешто помалку од шест години, беа 61 држава и околу 110 милиони војници. Проценките се дека загинале 50-80 милиони луѓе од кои цивили меѓу 38 и 55 милиони.
Деветти мај се одбележува и како Ден на победата. На тој ден во 1950 година министерот за надворешни работи на Франција Роберт Шуман објави декларација со која повика на воспоставување нов поредок во кој нема да има место за судири меѓу европските држави.
Суштината на неговата идеја била во воспоставување заеднички тела, односи првично во производството и дистрибуција на јаглен и челик како темел на индустриска сила. Првите чекори на тој пат биле формирање посебни, наддржавни тела во областа на производство и дистрибуција на челик и јаглен, а Шуман првенствено имал увид во односите на Франција со Германија.
Следната година е основана Европската комисија за јаглен и челик која со време прерасна во Европска економска заедница и четири децении подоцна во Мастрихт прогласена Европската унија.
Европскиот совет во 1955 година во Милано одличил денот на објавувањето на планот на Шуман – 9 мај да се одбележува како Ден на Европа. Договорот од Мастрихт од 7 февруари 1992 година стапи на сила на 1 ноември 1993 година и утврди три столба на ЕУ: Наднационален, Заедничка надворешна и безбеддносна политика и соработка во областа на судството и во внатрешните работи. Европската унија денес има 28 членки во кои живеат речиси половина милијарда луѓе.