Едукативни работилници за заштита од дрога, алкохол и цигари во средните училишта во Скопје

Од:

Едукативни работилници за превенција и заштита од употреба на дрога, алкохол и цигари, на трета и четврта година во средните училишта во Градот Скопје од денеска до 15 мај ќе спроведе ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“.

На едукативните работилници, како што информираат од „Здравствен дом на Скопје“, со времетраење од еден училишен час, здравствените работници ќе зборуваат со учениците за превенција и заштита од употреба на дрога, алкохол и цигари.

Од годинава во реализацијата на едукативните работилници се вклучени и учениците од приватните средни училишта од Скопје.

Активностите се во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје, кои во делот на едукатвните работилници ќе се приклучат на здравствените работници, како дел од кампањата „Безбедност во сообраќајот“

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош