Град Скопје избира компанија со најголем придонес во заштитата на животната средина

Од:

Град Скопје на јавен конкурс ќе избира најеколошка компанија со најголем придонес во заштитата на животната средина за 2017 година.

Како што информира Град Скопје ќе се избира и најубаво уреден двор и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.

Конкурсот трае до 16 мај, а сите заинтересирани пријавите треба да достават по пошта на адреса на Сектор за заштита на животната средина и природата на Град Скопје.

Во категориите за најеколошка компанија и најголем придонес во областа на животната средина, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. Во категоријата за најубаво уреден двор, предвидени се три награди за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект, во износ од по 40.000 денари. Во категориите за најубав состав и цртеж на тема екологија се предвидени по две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на вработените во секторите на Град Скопје и невладините организации.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат