Одбележан денот на македонската полиција

Од:

Полицијата треба да гарантира безбедна средина за сите граѓани и потребно е сите заедно да се ангажираме за да поставиме темелна транспарентност на воспоставувањето на односите меѓу полицијата и граѓаните, со заедниците и со пошироката јавност, изјави министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на денешната свеченост по повод Денот на македонската полиција.

Министерот Нухиу посочи дека сите заедно треба да се ангажираме за што поскоро целата полиција да се стави во служба на државата и општеството.

– На државната и јавна безбедност им е потребен професионализам. На денот на полицијата на Република Македонија ќе се поклонам пред симболот на оваа значајна државна институција со длабоко уверување и максимална посветеност дека со наше заедничко ангажирање, оваа институција ќе ја доведеме во параметрите кои се меѓународно признаени за работата на полицијата во услови на едно демократско општество, изјави Нухиу.

Посочи дека крупните реформи во полицијата ќе мора да продолжат за, како што рече, да бележиме напредок и просперитет, притоа негувајќи ги вредностите и суштинските стандарди на една професионална, достоинствена и почитувана полиција.

Во чест на пожртвуваноста и делата на припадниците на МВР кои го загубиле животот бранејќи ги државните и институционалните вредности, пред спомениците во кругот на МВР цвеќе положија, министерот Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, директорор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, државниот секретар Сања Димитриевска, како и високи функционери во МВР, дипломатскиот кор и членови на семејствата.

Би можело да ве интересира

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ