Пакистански талибанци самоубијци денеска со автомобил бомба, со ракети и огнено оружје го нападнаа аеродромот во Пешавар, на северозапад на земјата, а во нападот загинаа најмалку девет лица, вклучувајќи и петмина напаѓачи, соопштија официјални безбедносни лица.
Ова е најголемиот напад врз една воена инсталација во Пакистан, откако во август вооружена група упадна во воздушна база во источната покраина Пунџаб.
Групата напаѓачи врзани со експлозиви, го почнала нападот така што со автомобил бомба удрила во ѕид околу аердромот, а потоа 30-тина минути разменувала оган со припадниците на безбедносната служба.
Во блискиот станбен кварт паднале три ракети, пренесоа агенциите.
Во текот на нападот властите го затворија аеродромот и ги откажаа сите летови, додека исплашените патници и персоналот чекале да видат дали терористите ќе успеат да влезат во аеродромскиот комплекс.
Војската и чуварите успеале да ги одбијат напаѓачите, а петмина меѓу нив и да убијат.
Ситуацијата на аеродромот сега е под контрола, сооопшти веон претставник.
Овој аеродромски комплекс се користи и за комерцијални и за воени летови, а него го користат и воените хеликоптери со кои се бомбардираат талибанските цели во планинските области.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот и предупредија дека имаат намера да извршат „уште многу“ слични на истиот аеродором.
Пешавар се смета за главно упориште на Ал Каеда и на талибанските есктремисти.