СДСМ: Новата реформска Влада е потреба за граѓаните и државата

Од:

„Граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска Влада за конечно да почнат промените за добар и достоинствен живот за сите.

Тоа што новата Влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата, ќе биде укината радиодифузната такса, ќе биде воведена дневната ефтина тарифа на струјата и цел викенд ефтина струја се само некои од првите мерки од коишто граѓаните ќе почувствуваат олеснување во семејните буџети. Добро ќе живеат сите граѓани, а не само една фамилија.

Новата реформска Влада е неопходна и поради евро-интеграциските процеси на Република Македонија. Земјата е долго блокирана на овој пат и во изолација поради криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Личната корист на сметка на граѓанските државни интереси е причината поради којашто оваа мала група во врвот на ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски измислува непостоечки теми. Тие знаат дека партијата е веќе опозиција и дека правната држава ќе им ги скрати личните бенефити. Тоа го знае и членството на ВМРО ДПМНЕ кое сега треба да реагира и да покаже дека им се важни граѓаните, а не заштита на криминалот.

Тоа мора да го направи и Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот за сставување на Влада. Новиот претседател на Собранието го информираше Иванов дека има легитимно палраментарно мнозинство и Иванов е должен да го почитува Уставот.

Македонија оди напред. Мнозинството граѓани одбра промени и гласаа за Програмата на новата Влада која ја шитит унитарноста и носи живот за сите и која ја има поддршката од домашната и меѓународната јавност.

Формирање нова Влада и спроведување на реформските приоритети е врвен државен интерес и секое постапување против државните интереси е кривично дело казниво со закон.

Апелираме до сите да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски