Повторно е одложена седницата на албанскиот парламент на која требаше да се гласа по четврти пат за изборот на нов претседател на Албанија.
Седницата се одложи за во 17 часот откако аналитичарот Артан Хоџа ја повлече својата кандидатура за претседател.
Владејачкото мнозинство веднаш потоа за нов шеф на државата го предложи Бујар Нишани, актуелниот министерот за внатрешни работи.
Лидерот на партијата на грчкото малцинство, Партијата за човекови права, Вангел Дуле, ја потврди својата подршка за Фатос Нано и побара тој да биде кандидат на опозицијата за претседател.
Ако пропадне и овој круг, парламнетот има право на уште еден, петти круг на гласање, според Уставот на Албанија. Доколку и тогаш не се избере претседателот на Албанија, на пратениците им следи ослободување од должноста и распишување на нови избори.