Илјадници Португалци демонстрираа против политиката на строго штедење

Од:

Илјадници Португалци демонстрираа во Лисабон, на повик на синдикатите, за повторно да протестираат против политиката на строго буџетско штедење на португалската влада под надзор на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, пренесоа француските медиуми.

Демонстрациите, организирани од главната синдикална Конфедерација на земјата, завршија пред претседателската палата со барање кон шефот на државата Анибал Каваку Силва да не го прогласува буџетот за 2013 година.

Идната недела претседателот треба да одлучи дали да го прогласи буџетот, да му стави вето или да го испрати пред Уставниот суд, кој ќе се произнесе по законитоста на мерките вклучени во буџетот.

Португалија добива финансиска помош од ЕУ и ММФ од мај 2011 година и презеде обврски да изврши реформи и да спроведе строго буџетско штедење.

Јавното незадоволство, меѓутоа, значително нарасна во последните месеци со засилувањето на рецесијата и рекордните нивоа на невработеност од приближно 16 проценти од активното население и 39 проценти од младите.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија