Јавниот укор како бизнис: Шпанските „собирачи на долгови во фракови

Од:

ДПА – Хамбург

Кога сте во Шпанија, отворајте си ги очите за маж во црн фрак. Кога таков ќе се појави, сите дознаваат дека некој не си ги платил долговите. Откако ќе биде јавно посрамотен, должникот обично брзо плаќа. Критичарите на тој метод на јавен укор всушност предупредуваат дека се можни и психолошки последици.

Педро Дедиос внимателно се облекува за својот работен ден. Облекува црни пантолони, снежно бела кошула, папијонка (пеперутка вратоврска) и црно палто со долги опашки. Тоа е елегантна „униформа“, иако можеби изгледа претерано за првите утрински часови.

Завршеток на костумот му е цилиндер. Педро прелистува некои документи и го затвора куферчето. На црното дипломатско куферче со големи букви пишува „El cobrador del frac“ – собирач во фрак.

– Првата средба денеска ми е во центарот на Мадрид до бизнис дама која должи 4,212 евра, вели Дедиос, става црни очила и тргнува со малиот црно-бел автомобил на кој исто е исишано името на неговата компанија.

Тој ќе отиде во канцеларијата на жената и таму – пред очите на сите – ќе го отвори прашањето. Секое дете во Шпанија знае: кога ќе се појави маж во фрак, тоа значи дека некој должи пари. Тој бизнис на игра на јавен укор во Шпанија процветува.

Компанијата Кобрадор е основана пред 30 години.

– Едноставно, шпанските закони за собирање на долговите беа премногу бавни и скапи, раскажува Маријано Фернандес, адвокат во компанијата чија централа е недалеку од култниот мадридски стадион Бернабеу.

-Така што идејата за таква фирма беше добро, прагматично решение за кредиторите кои сакаат брзо да си ги добијат парите. Сега Кобрадор дел фрак веќе е бренд, позната во целата земја, дообјаснува правикот.

Во канцеларијата на Кобрадор на една маса се ставени два огромни слоновски заби. На ѕидот висат ловечки трофеи од животни со моќни рогови. Некако тие безживотни глави изгледаат соодветни на имиџот на компанијата.

– Шефот ни е страстен ловец, објаснува Фернандес за трофеите.

Елегантно облечениот 57-годишен адвокат раскажува дека компанијата ја раширила својата дејност до Франција и Португалија, но не и во други земји заради строгите закони за собирање на долговите.

Во 1994 година, на пример, судот во Лајпциг, Германија, ја забранува праксата „црна сенка“ да го следи должникот на јавни места затоа што со тоа се нарушуваат основните лични права на должникот.

Во Шпанија таквиот метод е законски. Се започнува со писма во кои се инсистира на плаќање на долгот. „Често може да биде постигнат договор за плаќање на сумите“, објаснува Фернандес. Дури кога должникот воопшто нема да одговори или не покаже добра воља за ги плати своите задолженија, „собирачите“ влегуваат во играта. Но зошто токму фрак?

Фернандес објаснува: „Фракот е исклучително елегантно одело. Со него сакаме да покажеме дека немаме намера да го уништиме достоинството на должникот“.

Тој внимателно ја отфрла забелешката дека многу други компании за собирање на долгови ја копирале идејата и имаат свои мажи во костими – на кловнови, розеви пантери или тореадори, кои се врткаат околу канцеларијата на должникот.

– Многумина од нив порано работеа за нас и потоа се одвоија како независни. Но, тие често ги заплашуваат луѓето, а тоа е сосема незаконски, посочува адвокатот.

И во неговата компанија кога работеле биле обвинувани дека се однесувале премногу грубо.

Секој кој започнува работа како „собирач во фрак“ добива копија од етички кодекс за однесување.

Но од друга страна, мажите во фракови добиваат бонус на основната плата ако успеат да ги соберат долговите, така што веднаш се појавува предизвикот да прибегнат до други методи, ако фракот не покаже доволно силно влијание.

Но адвокатот Паоло Камачо не може да каже ништо добро за својот поранешен работодавач.

– Ја напуштив компанијата затоа што според мене е незаконски и неморално да се однесуваат кон луѓето со таков презир, тврди тој. Заедно со уште двајца „собирачи“ тој основал правна асоцијација која се бори за правата на должниците во Шпанија.

– Камачо сепак признава дека имитаторите на собирачите на долгови, кои се облекуваат како кловнови или тореадори се значително побезмилосни од мажите во фракови.

– Тие се многу поопасни од „собирачите во фракови“ затоа што се помалку познати и имаат помалку работа, објаснува тој.

Иако на почетокот луѓето се смееле заради фантастичните костими, во моментов никој не се смее, дополнува адвокатот.

Слично јавно посрамотување директно провоцира некаква траума.

– Во некои крајни случаи дури се доаѓа и до тоа должниците да се подложат на психолошко лекување, подвлекува Камачо.

Фернандес нештата ги гледа поинаку. Целта на „собирачите“ е само да создадат чувство на срам, ништо повеќе, тврди тој. Многумина од должниците се закоравени криминалци, кои живеат во скапи вили, а пријавуваат банкрот за да се заштитат од кредитори.

– Тие многу добро знаат како да го заобиколат системот, дополнува Фернандес.

Според него, неговите колеги водат опасен живот. Често „клиентот“ кон кого се приближуваат се мафиози, кои побрзо би извадиле пиштоли кога ќе им се приближи маж во фрак.

Други ги напаѓаат собирачите со стапови и им нас‘скуваат кучиња, раскажува Фернандес.

– Тогаш се повлекуваме. Нашите вработени не се изморени од животот, дополнува тој потсмевајќи се.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски