Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, со мали остатоци од кашест снег на осојничавите места, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Поради многу ниски температури можни се подмрзнувања. Се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината на движење кон условите на патот.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово-Попова Шапка (важи и за автобуси).

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата. Таа обврска трае до 15 март следната година.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска