Речиси 200 ученици примени во болница заради протекување гас во Њу Делхи

Од:

Речиси 200 ученици во Индија се хоспитализирани откако се пожалиле на губење на здивот и иритација на очите, по протекување на гас од танкер за гориво, соопшти полицијата во Њу Делхи.

До инцидентот дошло кога бил испуштен гас од контејнер паркиран во непосредна близина на училиштето, и тоа во моменти кога наставата била во тек. Во контејнерот се наоѓале хемикалии наменети за индистријата, пренесоа француските медиуми.

-Околу 200 ученици се хоспитализирани во четири болници. Ниту едно дете не е посериозно повредено, ситуацијата сега е нормална, изјави претставникот на полицијата во индиската престолнина, Ромил Банија.

Тој додаде дека полицијата ќе поднесе пријава за негрижа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати