„Вчера, околу 9 часот, во непосредна близина на трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром, оддекнуваше огномет. Како што може да се види на видеото во прилог, огнометот беше испален насред улица и покрај детско игралиште преполни со луѓе и деца, директно загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните и кршејќи го законот за јавен ред и мир.
Иако се работи се опасно пиротехничко средство, од општината немаше никакво предупредување или реакција. Огнометот траеше десетици минути, вознемирувајќи ги граѓаните и доведувајќи ги во животна опасност сите оние кои се наоѓаа во близина.
Општината не испрати предупредување, ниту презема било какви безбедносни мерки иако огнометот беше испален во населено и фреквентно место.
Го прашуваме Ивица Коневски зошто дозволи вчера да се загрози безбедноста на бројните луѓе и деца кои се наоѓаа околу трговскиот центар „Капитол“? Ставањето на животот на граѓаните во опасност преку користење на експлозивни материјали е недозволиво и против-законско. Бараме организаторите на огнометот веднаш да бидат казнети согласно загонот за јавен ред и мир, а општината да објасни зошто не ги превзема потребните мерки“, соопштуваат од граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“.