Руската полиција уапси над 60 лица во денешните протести

Од:

Руската полиција уапси над 60 лица во протестите што денеска се оддржаа во серија градови, и покрај силниот студ, пренесе ДПА.

Демонстрациите против претседателот Владимир Путин продолжуваат и покрај инсистирањата на властите дека тие се незаконски.

Меѓу уапсените се блогерот Алексеј Навални, претседател на Координативниот совет на руската опозиција, Иља Јашин од Координативниот совет и телевизиската водителка Ксенија Собчак.

Според властите, во Москва се уапсени околу 40 лица заради непочитување на законите за јавни собирања, соопшти агенцијата.

Во Санкт Петербург полицијата уапсила уште 20 лица.

Опозицијата на сајтот  kasparov.ru објави соопштение во кое се посочува дека во Походот на слободата кон зградата на Федералната служба за безбедност, поранешната централа на КГБ, учествувале над 7.000 лица. Полицијата соопшти дека во демонстрациите учествувале 700 лица.

Според градските власти, не биле дадени одобренија за протестите.

Властите и организаторите претходно разговараа за настанот, но не успеаја да постигнат договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина