„Вас травел фер 2017“ во Скопје

Од:

Туристички понуди за турското и албанското крајбрежје се претставуват на Меѓународниот саем за туризам „Вас травел фер 2017“, што се одржува денеска во Скопје, во организација на „Вас груп“.

Штандовите на изложувачите ги посети министерот за економија Дритон Кучи кој оцени дека саемот е важен за збогатување на туристичката понуда и оти очекува успешна сезона за овој сектор и покрај политичката криза.

Саемот, потенцира, претставува новитет за нашиот туристички сектор и е доста корисен. И во овие може да речеме тешки политички денови за нашата држава Вас тур денеска го донесе летото, албанското и турското крајбрежје, и се надевам дека ќе биде успешно и за нив и за нивните клиенти, рече Кучи.

„Вас груп“, како што изјави менаџерот Енвер Мехмети, го организира саемот со цел претставување пред клиентите и воспоставување соработка која ќе го помогне развојот на туризмот и економијата.

– Ги претставуваме сите наши услуги заедно со туристичките агенции кои се наши партнери. Ова е четиридневен настан, бевме во Тирана и Приштина а денеска сме во Скопје. Нашата цел е да ги приближиме нашите услуги до сите клиенти согласно нивните потреби за одмор, изјави Мехмети.

„Вас травел фер“ е четиридневен настан, во чии рамки претходно се одржаа презентации на понудите од турското и албанското крајбрежје во Приштина и во Тирана.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ