СУТКОЗ: И Државниот инспекторат за труд потврди дека Атанасов директорува со Водовод без признаена диплома

Од:

„Сакаме да Ве известиме дека сега и Државниот инспекторат за труд ги потврди доказите кои претходно ги изнесовме дека Александар Атанасов директорува со Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје, без признаена диплома.

Државниот инспекторат за труд потврди дека за време на донесувањето одлука за избор на директор, Александар Атанасов немал доставено доказ за завршено образование признато во Република Македонија.Трудовиот инспекторат му укажува на градоначалникот Коце Трајановски да ја преиспита одлуката за избор на Александар Атанасов за директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и, да назначи нов директор кој ќе ги исполнува условите.

СУТКОЗ на РМ уште еднаш укажува на огромната штета која несоодветното раководство ја предизвикува на Јавното претпријатие.

За потсетување, Атанасов без одлука од МВР го повлече оружјето од пумпните станици за питка вода со што ги стави во опасност и жителите на Скопје и вработените на тие места.Атанасов ги натера работниците да лажат дека според систематизацијата, операторот на пумпени станици на питки води, не носи оружје.

Бараме од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски веднаш да постапи по Укажувањето од Државниот инспекторат за труд и веднаш да го разреши директорот со непризнаено образование.

Овие документи покажуваат дека според систематизацијата во Јавното претпријатие, операторот на пумпените станици за питка вода треба да има дозвола за оружје од надлежен орган, поради потребите на работното место“ се вели во соопштението на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

СУТКОЗ: Кризата поминува, работници во угостителството нема

Ана Ололовска

Синдикат на работниците од угостителството и туризмот: Работниците да не потпишуваат бланко документи за отказ на договорите за работа

Ана Ололовска

СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СИЕР, СОБ И МЕСО со порака до работниците

Ана Ололовска

СУТКОЗ бара разрешување на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје

Ана Ололовска