Тилерсон со повик до Асеан за спречување на финансирање на нуклеарната и ракетна програма

Од:

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ги повика министрите за надворешни работи на државите од Асеан да направат повеќе за да помогнат да се спречи финансирање на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма и да сведат на најниско ниво дипломатските односи со Пјонгјанг.

На првата средба од турнејата по 10-те членки на Асеан, Тилерсон ги повикал државите кои имаат претензии во Јужнокинеското Море да запрат со градежни работи на островите и нивна милитаризација додека се водат преговори за кодекс за пловење на бродови во регионот.

Тилерсон нагласил и дека Вашингтон ќе ги исполни обврските за зачувување на безбедноста во регионот и развој на економски врски со него. Тој ги повикал државите од Асеан да ги почитуваат санкциите на ОН против Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија