Се асфалтира обиколницата кај Демир Капија

Од:

Во тек е асфалтирање на дел од обиколницата кај Демир Капија.

Општина Демир Капија информира дека во првата фаза од изградбата на обиколницата е опфатено проширување на трасата, тампонирање, поставување рабници и асфалтирање на коловозот со широчина од 6 метри и должина од 760 метри.

– Со изградбата ќе се овозможи пренасочување на сообраќајот и побрзо и побезбедно движење на возилата. Исто така во тек се градежните активности на останатиот дел од оваа обиколница, информира општина Демир Капија.

Финансиските средства за изградбата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска