Жител на Василево во животна опасност по расправија со соселани

Од:

Д.Ц. (41) од Василево, Струмичко, е во животна опасност откако синоќа бил тешко повреден при расправија со браќата Ѕ.А. (36) и М.А. (32) од истото село.

Според МВР, немилиот настан се случил во дворот на куќата на Д.Ц. околу 19:00 часот. Ѕ.А. со лопата го удрил Д.Ц. во пределот на телото, а потоа со мотика во пределот на главата.

Д.Ц. бил пренесен во Медицински центар Струмица од каде, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Ѕ.А. и М.А. се лишени од слобода и приведени во СВР Струмица, а предметите со кои е извршено делото се обезбедени.

Во присуство на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он