Го нападнале сред ден за да му ги украдат ланчињата

Од:

Ш.И. (38) од скопското село Копаница вчера попладне бил нападнат на булеварот „Александар Македонски“ од две непознати лица кои, освен што го повредиле, му ги украле и ланчињата што ги носел околу врат.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 13:45 часот кога Ш.И. го паркирал своето возило и излегол од него. Во тој момент едно од лицата го стегнало со рака околу вратот и почнало да му ги кине ланчињата. Ш.И. пријавителот го гризнал за раката, но другото лице со тврд предмет го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина. Ш.С. почнал да вика и сторителите избегале во непознат правец, одземајќи го ланчето.

Од ударот Ш.С. се онесвестил и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он