Во штипско Ново Село одбележани 114 години од загинувањето на Гоце Делчев

Од:

Во штипско Ново Село денеска се одбележаа 114 години од загинувањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, кој учителствувал токму во училиштето во Ново Село.

По тој повод делегации на Општина Штип, универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, институции кои го носат неговото име, АРМ и претставници на политичките партии положија букети цвеќе на спомен релјефот, кој се наоѓа на зградата на поранешното училиште, а сега ректорат на универзитетот „Гоце Делчев“.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во својот говор истакна дека 4 мај 1903 година е еден од најтажните денови за македонската историја, кога Гоце Делчев загинува во селото Баница. Захариев вели се поставува прашањето каков ќе беше текот на Илинденското востание, Балканските војни доколку Делчев не бил убиен. Но, како што рече Захариев неговите идеали се оставириле со НОБ и револуцијата од 1941-1945 година.

-Се народното движење доведе до ослободување на Македонија, Формиравме слободна македонска држава. Формиравме македонски институции, денес имаме независна држава. Но сме пред голем предизвик, рече Захариев.

Тој истакна дека генерациите кои се следбеници на идеалите на Гоце Делчев мора да се борат да ја зачуваат Македонија.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски