Актуелниот шампион на Македонија во женска кошарка екипата на Бадел поведе со 1-0 во финалната серија против освојувачот на купот Вардар. Во првиот натпревар Бадел како домаќин славеше триумф со 68:45.
Инаку, во оваа финална серија за разлика од финалето на Купот Вардар настапува без повредената репрезентативка Драгана Јоловиќ, како и без американските кошаркарки, додека во редовите на Бадел поради повреда не игра Александра Стојановска.
Следниот натпревар најверојатно во сабота се игра во салата „Кале“ каде Вардар е домаќин.