А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Џафери во Брисел на средби со Хан, Могерини, Тајани и европратеници

by А1он04/05/2017 - 11:1804/05/2017 - 14:0069
Share0

Кабинетот на претседателот на македонскиот Парламент соопшти дека „на покана на високи претставници на ЕУ и на Европскиот парламент, претседателот на Собранието Талат Џафери денеска е во Брисел во прва официјална посета на седиштето на Европската унија“.

Добивај вести на вибер

Според агендата објавена од кабинетот, Џафери ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, со претседателот на ЕП Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Како што се наведува во соопштението, на средбите Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира определбата на Македонија за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на Парламентот во тие процеси.

– Исто така Џафери ќе ги запознае своите соговорници со состојбите кај нас, со посебен акцент на продолжување на процесот на формирањето на новата влада како израз на парламентарното мнозинство, кое произлегува од волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на парламентарните избори во декември минатата година, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен