Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска во Рим повика на поголема европска солидарност при справувањето со бегалската криза, во која, според него, Германија и Италија го имаат најголемиот товар.
Според германските медиуми, една од главните теми на разговорите на Штајнмајер во Рим се бегалците и потребата од поделба на обврските при справувањето со последиците на бегалската криза.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за Штајнмајер сега најважно е „да се најде решение за коренот на кризата за миграциите, да се обезбедат надворешните граници на ЕУ и да се постигне поголема солидарност во справување со бегалците меѓу Европските партнери“.
Иднината на ЕУ по „Брегзит“ е втората главна тема на првата посета на Штајнмајер како претседател на Германија на Италија.