А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Нухиу: Доставив предлог до Владата за разрешување на Чавков

by А1он03/05/2017 - 12:5603/05/2017 - 14:05204
Share0

Министерот за внатрешни работи, Ахим Нухиу изјави дека поднел барање до Владата на РМ за разрешување на Митко Чавков од функцијата Директор на Бирото за јавна безбедност поради немилите настани кои се случија во Собранието. Министерот Нухиу потврди дека дел од структурите на МВР предизвикале многу штета на Република Македонија и на демократските вредности.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во интерес на истрагата и понатамошните случувања, министерот за внатрешни работи го назначил државниот советник во Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски, за координатор на Оперативниот штаб.

-Ова што се случи во Собранието во четвртокот е големо зло. За да ја поправиме оваа штета ќе биде потребно долго време и ангажман, не само од сите служби на МВР туку и од другите институции како Јавното обвинителство и судство, рече Нухиу.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој информираше дека е формирана работна група составена од професионалци од МВР која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организационите единици во МВР постапувале согласно утврдените процедури пропишани во министерството, за направени пропусти, пречекорувања на овласувањата или неизвршувања на работните задачи.

-Заклучоците од извештајот на работната група ќе бидат дел од известувањето до Јавното обвинистелство за понатамошно постапување за работата на Оперативниот штаб, вели Нухиу.

Министерот ги повика сите вработени во МВР да се вклучат активно во истрагата и да достават службени материјали за настаните во Собранието минатиот четврток.

-Враќање назад нема, работите мора да се расчистат и секој ќе одговара за своите постапки, вели Нухиу.

Виктор Јованов

mvr

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео