Наставници од четири држави на едукација за откривање талентирани ученици

Од:

Во рамки на проектот Еразмус плус за рано откривање таленти кај децата, близу сто наставници и професори од пет училишта од Македонија, Турција, Романија и од Полска ќе разменат искуства и ќе се едуцираат како навреме да ги откријат талентите и да ги насочат во нивниот понатамошен развој.

Домаќин на наставниците и професорите од овие држави е кумановското основно училиште „Толи Зордумис“. Свечен прием за наставниците денеска организираше и Општина Куманово.

– Наставници, професори и претставници од организации од три држави, од пет училишта од Полска, Турција, Романија и наставници од кумановското основно училиште „Толи Зордумис“, се директни учесници во „Проект од клучна акција 201“, поддржан од Европската комисија и Турската национална агенција, чија цел е едукација на наставниците како да откријат и препознат талент кај децата во наставата и да ги насочат во понатамошниот развој, изјави Наталија Спасовски, координатор на проектот од „Толи Зордумис“.

Проектот почнал во 2016 година и освен посета на кумановското основно училиште и размена на идеи и искуства, професорите од трите држави ќе ги посетатат Скопје и останатите градови од државата, а ќе присуствуваат и на предавања во УКИМ, со што ќе се запознаат со начините и методите кои нашите универзитети ги користат при откривање таленти кај децата.

Ѓулнер Чат, координатор од Турција, изјави дека проектот е осмислен така што ќе може да ги насочи професорите и наставниците навреме да го откријат талентот кај учениците, да ги научи на интернационалните методи и техники за откривање на талентите и додаде дека овие знаења преку проектот ќе се мултиплицираат и ќе опфатат близу 2000 наставници.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски денеска организираше прием за наставниците и професорите од трите држави и им посака успешна работа. Додаде дека Куманово е град кој широко ги отвора вратите за размена на идеи од областа на образованието.

– Македонија во однос на едукативните процеси широко ги отвора вратите за новите, младите, талентираните генерации деца и се надевам дека ќе имаме успех на тој план, изјави Дамјановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро