ВМРО-ДПМНЕ: Зошто градоначалникот на Куманово не обезбеди вода?

Од:

ВМРO-ДПМНЕ го обвинува општинското раководство на Куманово, за непреземање мерки, кои доведоа до прекин на снабдувањето со вода.

„Мерките кои беа превземени од страна на раководството на Водостопанство, кое е управувано од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како ефикасни и во моментот Водостопанство располага со 22.000.000 м3 вода во акумулациите Глажња и Липково. Вода во моментот се испорачува кон Водовод преку дирекниот вод континуирано, индустриските капацитети кои работат и земјоделците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Општинското ЈП Водовод Куманово треба согласно законот да обезбеди вода за граѓаните на Куманово, бидејќи граѓаните водата ја плаќаат на Водовод, а тоа ќе може да го стори, потпишувајки договор за долгорочно обезбедување на вода со Водостопанство.

„Функционално Водостопанско претпријатие е интерес за граѓаните на Куманово и нема да дозволиме да се продолжи со уништувачкиот однос кон така значајно претпријатие за Куманово“, рече на прес конференција,Драгана Спасовска, ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто градоначалнику не обезбедивте вода за Куманово во двата мандата добиени од граѓаните на Куманово? Зошто ги игнорирате сите иницијативи за решавање на проблемот и ги уништувате трајните извори на вода на Куманово? Дали оваа го заслужуваат граѓаните на Куманово“, праша Спасовска?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови