Во продажба билетите за првиот концерт на Филхармонијата во новата сала

Од:

Македонската филхармонија соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во продажба билетите за свеченото отворање на нејзината нова концертна сала на 21 мај. Билетите ќе бидат по цена од 2.500 и 3.000 денари и може да се набават на билетарницата во Дом на АРМ, секој ден од 10 до 16 часот.

– Концертот со кој ќе се одбележи отворањето на новиот музички храм на Македонската филхармонија, ќе се одржи на 21 мај (недела) со почеток во 19 часот. Македонската филхармонија за овој мошне значаен, историски миг за нашата култура, приредува ексклузивен, уникатен концерт, на кој како солист ќе настапи македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески, а зад диригентскиот пулт ќе застане еден од најдобрите диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази, соопшти Филхармонијата.

На првиот концерт на Филхармонијата во нејзиниот нов дом ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев, Сергеј Прокофјев и Петар Илич Чајковски.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска