„Анатомија на векот“- видеотрилогија на Гоце Наневски

Од:

„Анатомија на векот“ е насловена видеотрилогијата на Гоце Наневски која ќе биде прикажана во четврток вечер во Мала Станица.

Трите индивидуални видеа на Наневски имаат концепциско- документаторски карактер и тој во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Во овие видеа тој укажува на мошне клучните деформации на општестената свест кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.

Првото видео е насловено „Раѓање“ и го обработува повеќеслојно аспектот на раѓањето виден низ разновидни призми. Второто е „Судбина“, видео кое третира претставници на најранливата категорија граѓани во Македонија кои се комплетно маргинализирани-Ромите. Во третото видео „Ние, вампирите“, Наневски се занимава со сказните и преданијата на старите народи и македонските племиња што се пренесувале од колено на колено и во кои се верувало дека постојат вампири за да прејде дијалогот постепено во анализа на актуелното општество и персонифицирање на актуелните проблеми во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот свет како дело на вампири.

Видеата имаат и забавен елемент бидејќи играат на тенка линија помеѓу, како што наведува кураторот Ана Фрнаговска, пренагласената сериозност-ангажираност и духовитост, продлабочени размисли наспроти модули кои имаат многу плитка животна философија.

Наневски, пишува Франговска, визуелно ја обликува личната перцепција за анатомијата на животот односно за конструктивните аспекти за животот (како за склуптура) приоѓајќи им како на скелетон кој бара статичност и издржаност.

Видеотрилогијата ќе може да се погледне до 24 мај.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска