Двајца тешко повредени вчера во сообраќајка на магистралниот пат Штип-Радовиш

Од:

Две лица се тешко повредени вчера попладне во сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Дачија Логан“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.П. (58) од Виница и автобус со кочански регистерски ознаки управувано од Љ.Г. (32) од село Спанчево, соопшти МВР.

По незгодата на лекарски преглед се јавиле двајцата возачи и 17 патници од автобусот, кај кои биле констатирани телесни повреди. Незгодата се случила на крстосницата од регионалниот пат Штип-село Софилари и магистралниот пат Радовиш-Штип-Велес.

Повредената Д.П. (54) од Виница, која била сопатничка од патничкото возило, имала фрактура на подлактица, кичма и карлица и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар-Штип, поради сериозноста на повредите била пренесена во Клиничкиот центар-Скопје.

Кај возачот на патничкото возило, В.П. констатирана била тешка телесна повреда (фрактура на градна коска) и по укажаната лекарска помош бил пренесен на натамошно лекување во Клиничкиот центар-Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Штип, а возачите биле алкотестирани и притоа не било констатирано присуство на алкохол во крвта. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски