Депозитите на албанските емигранти се намалуваат

Од:

Кризата во Грција и Италија, каде што има и најголем број албански емигранти, почнува да се чувствува и во висината на депозитите кои тие ги испраќаат кај нивните семејства.

Според Цетрална банка на Албанија  во третото тримесечје од годинава тие испратиле 139 милини евра или за 10 отсто помалку споредено со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Во периодот јануари-септември годинава емигратите испратиле 478 милиони евра што е за 4,2 отсто помалку. Тоа секако има свое влијание врз влошувањето на приходите на илјаднции семејства, за кои овие средства се единствен извор за егзистенција. Од друга страна негативно ќе вијае и врз еономијата бидејќи се влошува валутата која се внесува од надвор, констатира весникот „Газета шќиптаре“.

Од друга страна Централна банка констатира дека падот на депозитите на емигрантите до некаде се компензирал со приливот на странските инвестиции. Во третото тримесечје од годинава тие достигнале 171 милион евра забележувајќи раст од 6,8 отсто, во однос на истиот период лани.

Во периодот јануари–септември странските инвестици достигнале износ од 551 милиони евра што е зголемување за 20 отсто.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски