Бранот исламистички тероризам во светот би требало да заврши до 2030 година, предвидуваат разузнавачките служби на САД.
Во неодамна објавениот извештај „Светски трендови 2030“ Националниот совет за разузнавање на САД наведува дека неколку околности ќе доведат за брз крај на исламистичката фаза на тероризмот, аналогно на збирот услови, како што се жештина, ветер и искра од кои избувнуваат шумските пожари.
Според Советот, одговорен за изработка на среднорочни и долгорочни истражувања, меѓу главните фактори е дека со повлекувањето од Ирак, а потоа и од Авганистан, САД се повеќе ќе изгледаат како „големиот непријател“.
– Американската поддршка за Израел речиси да биде единствената значителна причина за гнев меѓу муслиманите, се наведува во извештајот.
Освен тоа „Арапската пролет“ покажа морална и стратешка легитимност на ненасилната борба, бидејќи демонстрантите дејствуваа во името на демократските вредности, наведуваат авторите на извештајот.
– Новите генерации може да гледаат поинаку на работите и послабо да се интересираат за старите вредности, истакнуваат разузнавачките експерти од САД, според кои терористите во иднина може да доаѓаат од други вери, како што се христијаните и индусите.
Иднината на тероризмот можеби е на Интернет, се заклучува во извештајот, во кој се изразува опасност хакери и други експерти да бидат користени од некои терористички организации за предизвикување на големи економски и финансиски штети.