Руски обвинител бара 3,5 години затвор за блогер што ловел покемони в црква

Од:

На судски процес во рускиот град Екатеринбург обвинителот побара 3,5 години лишување од слобода за блогерот Руслан Соколовски (22), обвинет дека собирал покемони со смартфон во локална црква, ја снимил играта и го прикачил видеото на интернет.

Обвинетиот, кој инаку е атеист, може да добие казна и до седум години за разгорување верска омраза и навреда на чувствата на верниците.

Во почетокот на процесот, тој се изјасни како невин и уверуваше дека распространувањето на видеото било „со цел критика и полемика”. На записот се гледа како тој ги „брка” виртуелните суштества, движејќи се во ритам на црковната музика за време на молитвата.

Случајот е сличен со оној против женската панк група „Пуси рајот”, чиишто две пејачки во 2012 беа осудени на по две години затвор поради „панк молитва” против рускиот претседател Владимир Путин, испеана во катедралата „Христос Спасителот” во Москва.

Во својот последен говор, обвинетиот изјави дека смета оти не нарушил ничии права и слободи, бидејќи „не пречел никому да ја исповедува верата што ја претпочита”.

Се очекува пресудата да биде донесена на 11 мај, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина