Во старата Градска болница синоќа лекарска помош побарале 48 лица

Од:

Во текот на изминатата ноќ на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ на преглед се јавија 48 лица кај кои беа направени сите лабораториски радиолошки иследувања. Од нив хоспитализирани беа шест лица. Доминираа повреди на главата, на вратот, а во подоцнежните часови имаше повреди од шок бомби-со посекотини, изјави денеска директорката на оваа Јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска.

Таа рече дека сите пациенти се во стабилна општа состојба. Од нив, нагласи таа, четворица изутрината се пуштени на домашно лекување.

– Остануваат двајца од кои едниот кој има повреда на ахилова тетива најверојатно ќе биде задржан уште некое време, потенцира Чабуковска.

Таа рече дека најголемиот број од повредените биле цивили, како и четворица од безбедносните сили кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Додаде дека кај нив пратеници не побарале лекарска помош.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во текот на вчерашната вечер кај нив работеле четири ургентни амбуланти за разлика од обичните денови кога работи една.

Чабуковска информира дека за празничните денови ќе се организираат со дополнителни екипи на повик.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он