Се утврдува материјалната штета во Собранието

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска се работи на утврдување на материјалната штета и за ставање во функција на работните простории кои се надвор од употреба.

Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека по вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и утврдување на штетата, стои во соопштението.

– Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието, стои во соопштението.

Со оглед на тоа, се посочува во соопштението, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за 11 часот нема да се одржи и за продолжението јаноста дополнително ќе биде известена.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање