А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вучиќ апелира на смирување на состојбата во Македонија: Ова е проблем на сите нас

by А1он28/04/2017 - 10:0256
Share0

Она што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем, туку е проблем на сите нас кои живееме тука, изјави српскиот премиер, кој е избран за претседател, Александар Вучиќ и апелираше до граѓаните на Македонија да ги решаваат проблемите на мирен начин.

Следете a1on на Instagram Instagram

На прашањето на Танјуг, како го гледа на она што се случува во Македонија и што би била неговата порака до граѓаните на Македонија, Вучиќ одговори:

– Како претседател на Владата на Србија и како избран претседател на Република Србија секогаш сум правел се за одржување на најдобри односи меѓу Белград и Скопје, меѓу Србија и Македонија. Мислам дека граѓаните на Македонија добро го знаат тоа и дека го почитуваат начинот на кој Република Србија се однесува кон граѓаните на Македонија, а и кон самата земја. Многу сум загрижен поради синоќешните случувања и мојата единствена порака е, а мислам дека луѓето во Македонија добро знаат дека тоа доаѓа од нивен искрен пријател, да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги решаваат на мирен начин, и ако имам какво било право да кажам дека смирувањето на ситуацијата сосема сигурно е во најголем интерес и за Македонија и за нејзините граѓани, а сите други работи и сите други проблеми можат да се решаваат на преговарачката маса, на мирен начин, во мирна атмосфера, нагласи Вучиќ.

Тој истакна дека, „ова веќе не е само македонски проблем, туку станува проблем и на сите нас кои живееме тука и најдобро е веднаш да ги прекинеме сите проблеми и да обезбедиме мир и стабилност за нашите деца“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– И поради тоа ги замолувам сите во Македонија, оние кои ми се познаници и пријатели, но и оние кои не ги познавам, оваа порака да ја сфатат како добронамерна и да направат се за повторно да завладее мир и безбедност за сите граѓани на Македонија, а во Србија секогаш ќе имате искрен и посветен пријател, заклучи новоизбраниот српски претседател.

Вучиќ, случувањата во Србија ги следеше со своите соработници од Владата на Србија, а за денеска закажа седница на Бирото за координација на безбедносните служби.

srbija

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 12:0701/10/2026 - 12:17

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Предраг Петровиќ17/09/2026 - 15:54

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он12/09/2026 - 21:47

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он12/09/2026 - 18:48

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео