Американски адмирал: Противракетниот систем ТХААД наскоро ќе биде оперативен

Од:

Врховниот командант на САД за азиско-пацифичкиот регион, адмирал Хари Харис најави денеска дека американскиот систем за ракетна одбрана ТХААД, што се поставува во Јужна Кореја како одговор на евентуален напад од Пјонгјанг, треба да биде оперативен во следните денови.

Харис во американскиот Конгрес порача дека САД треба да размислат и за поставување дополнителни капацитети на ракетна одбрана на Хаваите.

Во пресрет на зајакнатите тензии околу ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја, на поранешен голф терен во областа Сонџу, во јужниот дел на Јужна Кореја, пристигнаа шест камиони со опрема за противракетниот систем.

Во соопштението на јужнокорејската Влада за пристигнувањето на првите елементи не се прецизира какви делови се донесени, но агенцијата Јонхап нагласи дека се распоредени шест уреди за лансирање ракети, неколку ракети и најмалку еден радар.

На прес-конференција во Пекинг портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гун Шуан изјави дека Кина побарала од САД и Јужна Кореја да го повлечат системот.

Сеул и Вашингтон тврдат дека единствената цел на ТХААД (комплекс за земно стационирање за вонатмосферско пресретување на ракети со среден дострел) е да пресретнува севернокорејски ракети.

Кина сепак стравува дека моќниот радар на системот може да навлезе на нејзина територија и да ја поткопа нејзината безбедност.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија