Делови од Скопје во четврток без струја, без вода дел од Центар и викенд населбата во Моране

Од:

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од потрошувачите од општина Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец. Утре е најавен и прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците во општина Центар, како и мал прекин во викенд населбата во Моране.

Од 9,00 – 14,30 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите од ул. Илинденска бр. 25 во општина Центар, од 9,00 – 14,00 часот дел од улиците Желево, Разловечко Востание, Волгоградска и Трипун Бузев во општина Карпош и ул. Алекса Демниевски – ул. 25 во Ѓорче Петров, од 9,00 – 15,00 часот дел од потрошувачите во село Рашче и од 14,00 – 16,00 часот градинката 25 Мај и околината во село Петровец.

ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради дефект на затварач (шибер) од Ф 80 мм на ул. Никола Кљусев бр. 5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Никола Кљусев од 09:00 часот до завршување на работите.

Утре ЈП Водовод и Канализација ќе започне со хлорирање на резервоар во викенд населбата во Моране. Со работа ќе се отпочне од 9:00 часот, па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдувањето, информираат од јавното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош