Главната турска опозициска Републиканска народна партија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права, со цел да се оспори одлуката на изборната комисија за прифаќање на гласачки ливчиња без официјален печат за време на референдумот за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
– Сакам уште еднаш да нагласам дека резултатот од референдумот ќе биде изнесен пред Европскиот суд за човекови права, истакна портпаролката на апртијата, Селин Сајек Боке на прес-конференција во Анкара.
Државниот совет на Турција вчера го одби сослушувањето на претставници на Републиканската народна партија во врска со референдумот, нагласувајќи дека не е надлежен.