Во Јужна Кореја пристигнаа првите елементи од противракетниот штит на САД, ТААД

Од:

Американски војници почнаа да доставувата во Јужна Кореја делови од противракетниот систем ТААД, јави Јонхап.

Во пресрет на зајакнатите тензии околу ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја, на поранешен голф терен во областа Сонџу, во јужниот дел на земјата, пристигнаа шест камиони со опрема за противракетниот систем.

Во соопштението на јужнокорејската Влада за пристигнувањето на првите елементи не се прецизира какви делови се донесени, но агенцијата Јонхап нагласи дека се распоредени шест уреди за лансирање ракети, неколку ракети и најмалку еден радар.

Вашингтон и Сеул објавија на 7 март дека поради заканите од истрелување ракети од Северна Кореја почнува распоредувањето на системот ТААД. Кина сепак напомена дека тоа нема да може да ја спречи Северна Кореја, туку ќе го влоши балансот на безбедноста во регионот. Русија исто така е против распоредување на ракетниот комплекс.

Целта на ТААД е да се пресретнат и уништат севернокорејските балистички ракети со мал и среден дострел во последната фаза од летот.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија