Физибилити студија за пречистителна станица во Скопје

Од:

Владата на Франција, денеска преку Амбасадата во Македонија ќе го предаде комплетниот документ во којшто е содржана физибилити студијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје. Документот ги содржи најдобрите можни опции за развој на проект од таков тип, од технолошки, еколошки и финансиски аспект.

Презентацијата ќе ја направат француските консултанти од групацијата ЕЖИС, во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и потенцијалните финансиски донатори (Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светска банка), како и на вклучените македонски институции Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за економија, ЈП Водовод и канализација…

Изработката на студијата за влијанието врз животната средина и анализата на параметрите цена – корист на понудените опции е дел од билатералната политика на Франција за соработка со Македонија, и изнесува 700.000 евра.

Документот ќе го предаде амбасадорот амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние на претставниците на Град Скопје и на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето