САД: Албанците да престанат да сонуваат за „Голема Албанија“

Од:

Соединетите Американски Држави се против било каква промена на границите во регионот и секаков обид во оваа насока е контрапродуктивен и дестабилизирачки.

Албанците треба да се фокусираат на интеграцијата, а не да зборуваат за соништа и концепти за „Голема Албанија“ како одговор и барање излез од сите реални проблеми кои постојат во Албанија и со кои се соочува земјата, изјави амбасадорот на САД во Тирана, Александар Арвизу.

„Во последно време се повеќе политичките актери во Албанија се одлучуваат на картата на национализмот што целосно го урива имиџот, кој земјата го градела во изминатиот период. Доколку се разбудат ваквите соништа и тенденции ќе биде невозможно да се предвидат или контролираат последиците, рече Арвизу и додаде дека САД очекува политичарите да се воздржат од националистички изјави во Албанија, но пред се надвор од неа.

Арвизу истакна дека САД се загрижени од фактот што инцидентите за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Тирана и националистичките говори и провокации за време на говорите на Бериша во и надвор од земјата предизвикале да се откажат посетите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на прославата за 100 – годишнината од независноста. Тој додаде дека иако во Албанија ова се минимизира како настан и се прават обиди да се намали значењето на пораката, тоа е, вели, јасен показател за погрешниот правец во развојот на добрососедските односи на Тирана, што е недозволиво.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски