Претседателот на Косово Атифете Јахјага нема да поднесе оставка и покрај барањата на најголемата опозициска партија Демократскиот сојуз на Косово, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
Кога Јахјага беше избрана за претседател, политички договор меѓу Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијанса ново Косово, постигнат со посредство на тогашниот американски амбасадор Кристофер Дел, предвидуваше по уставните промени да бидат организирани нови непосредни претседателски избори.
Јахјага досега ја остави отворена можноста по уставните промени во рок од шест месеци косовското Собрание да закаже претседателски избори.